Методологијата на пописот може да се промени, вели пратеникот на секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски за „Вин Вин“ на Телма и додава дека ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистира да бидат прифатени суштинските забелешки кои ги има за самата методологија.
Муцунски истакна дека се уште има време и место за дијалог поврзан за методологијата, бидејќи тоа е подзаконски акт, ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистира да се промени и ќе стои позади тоа бидејќи има речиси половина година тоа да се направи.
Пратениците можат да отворат дијалог со директорот на државниот завод за статистика и да го информираат за да тие бидат уверени како пратеници дека ќе биде легитимен пописот, инсистираме на одредени измени во методологијата и да седнеме, ако треба да повикаме експерти и да добиеме попис во кој сите ќе веруваме- потенцира Муцунски.
Тој додаде дека сака да верува дека тој директор ќе дојде да разговара со пратеници кои црпат легитимитет од граѓани и дека откако ќе се извадат сите аргументи ќе може да се направат измени за подобар попис.
Кога веќе се оди на теренски попис има многу работи кои треба да се променат. Кога дававме причини зошто треба да се одложи пописот, првата секогаш е епидемиолошка, и самиот закон кој го предложивме имаше за цел да го одложи пописот, а вториот аспект е методологијата и начинот на кој ќе се спроведува пописот – вели Муцунски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.