По резултатот кој што се случи по завршувањето на првиот изборен круг имавме еден израз на волјата на граѓаните кои јасно се определија кон опозицијата и доблесно е кога ќе се изгуби со таква силна порака од народот да се признае поразот и да се продолжи со политика базирана на конкурентни кадри, наместо битка со водење на црна, негативна кампања, истакна меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување на Телевизија 24 во дебатната емисија „Анализа 24“
Реалната слика говори дека е потребно ново парламентарно мнозинство или организирање на нови предвремени парламентарни избори, посочи Муцунски.
Тој додаде дека граѓаните ги препознаваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ по тоа што e сработено, а тоа е економија, правосудство, реформи на медиумски сектор, образование, здравство, директни и странски инвестиции. Во изминативе 4 години имало максимално разочарување на граѓаните со кадри кои што ништо не испорачуваат и со низа скандали.
Постојат два правци во кои што би се движеле после дадената јасна одлука на граѓаните во првиот изборен круг а тоа е или ново парламентарно мнозинство или нови парламентарни избори, рече Муцунски.
Тој истакна дека во актуелниот состав постојат многу одговорни пратеници кои што си ја сакаат Република Македонија и би се одважиле за да станат дел од едно ново мнозинство кое ќе биде базирано на нови решенија со план и визија за Македонија.
Граѓаните препознаваат прогресивност во кандидатите кои што се од опозицијата, не само од ВМРО-ДПМНЕ туку и од останатите кандидати кои што се опозиционо настроени, заклучи Муцунски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.