Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во  „Топ Тема“ посочи дека тој се чувствува како Македонец од Република Македонија и тоа не може ниту еден договор да го смени.

Разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е што ние велиме дека Преспанскиот договор и неговата содржина не ја прифаќаме. Јас не прифаќам да ми се наруши правото на самоопределување. Јас сум Македонец од Република Македонија, нагласи Муцунски.

Муцунски додаде дека тој се чувствува како Македонец од Република Македонија. И така се чувствува доста големо мнозинство на наши граѓани.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ обезбеди двотретинско мнозинство и бадентерово двотретинско мнозинство сме подготвени да пристапиме кон уставни промени. А, реалноста ќе ја кажат граѓаните на 12-ти април, истакна Муцунски.

Муцунски појасни дека е убеден да неговата генерација на политичари ќе го доживее моментот да оваа земја повторно се вика Република Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.