Во вечерашното издание на дебатната емисија “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски кој зборуваше за лошите владини политики, моменталните политички случувања, како и за здравствената и економската криза во Република Македонија.
Во однос на случувањата во Вевчани кои што се актуелни веќе втор ден, Муцунски вели дека таквиот пристап од страна на МВР и министерот Спасовски е крајно нечовечки и против македонската традиција. Муцунски исто така додаде дека протоколите мора да се почитуваат и мерките да бидат запазени, но упад од таков степен укажува на нешто многу пострашно од еден карневал.
Ние треба да сме свесни дека во последните месеци имаше многу повредувања и непочитувања на здравствените протоколи, но на сите тие доколку присуствувал некој од владеачките партии, МВР ниту интервенираше, ниту пак казнуваше. Двојните аршини иритираат и го повредуваат секој граѓанин. Настанот кој се случи во Вевчани е еклатантен пример за полициско насилство и употреба на прекумерна сила, истакна Муцунски.
Зоран Заев е човекот кој упорно велеше дека се борел против режим и дека победил режим со пенкало, за сега сите граѓани да се уверат дека веќе неколку години македонскиот народ е жртва на притисоци, уцени и заплашувања. Ваквото однесување не е ниту европско, ниту наликува на општество кое се стреми кон ЕУ, туку наликува на тоталитарен режим, заврши Муцунски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.