Премиерот Зоран Заев за ТВ21 истакна дека Алтернатива е сериозна партија, и се потценети од нивниот коалиционен партнер – Алијанса за Албанците.

„Имаме едно незадоволство на потценување на АЛтернатива во коалицијата Алијанса/Алтернатива, тоа веројатно си има свои корења од парламентарните избори, а се рефлектираше во распределбата на одговорностите со кандидати и советници меѓу Алијанса/Алтернатива, еден дел и затоа се добиваат ваквите пораки – тие доаѓаат од Алтернатива“, истакна Заев.

Целосното интервју со премиерот можете да го погледнете вечерва на ТВ21 во 21:30 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.