Заканувачот на кандидатот за градоначалник на Прилеп Борче Јовчески бил поттикнат од кандидат на советничката листа на СДСМ и дека од него му било ветено вработување, дознава „Плусинфо“.

В.Р. во полиција признал дека бил поттикнат од кандидат на советничката листа на СДСМ и дека од него му било ветено вработување. Тој пред три дена упати закани по животот за синот на д-р Борче Јовчевски кој е кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО- ДПМНЕ.

Еве што тој напиша на Фејсбук.

Наскоро и прислушкуваните разговори за Борчево ке бидат излезени во јавност, па да видите како приватно договара за поткуп на гласачи. Повлекувај се од кандидатура ако ти е мила фамилијата во спротивно ќе го најдеш и помалиот син во некој ендек фрлен како куче.

Јовчески не излезе со коментар за овој инцидент бидејќи за него ова е премногу лична и семејна трагедија а со осуда се јави неговиот противкандидат Горан Сугарески.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.