По три години на власт, лидерот на СДСМ Зоран Заев дури денеска ја отвори темата за автопатското поврзување на Битола, само неколку дена откако Христијан Мицкоски ја презентираше програмата за инфраструктура.

Денес ќе ја отворам првпат темата по повод идејното решение за автопатското поврзување на потег Велес – Прилеп – Битола, денеска е со нас идејното решение кое е изготвено зборувавме со министерот за транспорт и врски, ќе ги каже деталите, се работи за определба која што останува на државата во делот на автопатските решенија која е скоро единствена од ваков обем се работи за проект вреден над 600 милиони евра каде имајќи во предвид дека источна Македонија е автопатски решена, западна Македонија ја решаваме со патот Кичево -Охрид и знаете дека продолжува Кичево -Гостивар проширувањето и останува централниот дел на нашата држава кој не е важен само за Прилеп, важен е и за Скопје, Велес, Битола, Ресен и Охрид, а мене како струмичанец ми треба 3 ипол часа за да дојдам до Охрид, а при едни вакви решенија тоа ќе се намали на некаде 2 часа односно за мене како струмичанец е поблиску да стигнам до Егејското море, односно до Солун или до Бугарија за 4 часа, а 3 ипол часа ми е до Охрид, ова се паралелите за да знаат граѓаните колку се важни ваквите централни магистрали кои мора да ги направиме. Државата е со сериозен финансиски капацитет и презентирани се податоците со скоро 700 километри патна мрежа развиена само во последните години, пред се рехабилитација и изградба на новите патни решенија, од локални, регионални, магистрални патишта кои ги градиме ние преку развиена инфраструктура развиваме дополнителна мотивација за поголема компетативност и поголеми апетити за вложување на самите компании за инвестирање во поголеми производствени капацитети со што претставува нешто кон што треба сите да се стремиме, рече Заев на средба во Регионалната стопанската комора во Прилеп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.