Видеото на кое премиерот Зоран Заев лепи пари на челото на музичар денеска е хит на социјалните мрежи. Станува збор за видео направено во с.Јеловјане, каде вчера СДСМ остварија средби со граѓаните.

За 4 години реализиравме 7.000 проекти во сите општини, коишто секојдневно го менуваат животот на граѓаните на подобро.
Граѓаните знаат што е најдоброто
Гласајте за бројот 12 и за советничката листа на СДСМ
Гласајте за најдоброто!, порача Фатон Асани, директор на Агенција за управување со одземен имот, по средбата во тетовското село.

Јавноста реагира што премиерот се весели и смее и пред граѓаните на Тетово и тетовско, каде нецел месец по трагедијата вчера СДСМ пукаше огномет по митингот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.