Судскиот совет на денешната седница разрешил еден судија, а за уште еден утврдил нестручно и несовесно работење. Според неофицијални информации, на кои се повикуваат неколку телевизии, разрешена е судијката Весна Кичеец од Охрид за случајот за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски,кој на новогодишната ноќ во 2016-та година беше убиен во центарот на Охрид. Истовремено, на Кичеец и се забранува и да суди. Од Судскиот совет официјално не потврдуваат за кој судија станува збор, на веб сајтот објавено е кусо образложение.

– Донесена е Одлука со која е разрешен судија од вршење на судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и истовремено е донесена Одлука за времено оддалечување на судијата од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката.

Во вториот случај, станува збор за судијата Трајче Скрчески за кој втор пат се одлучува заради неговата жалба, но сепак советот одлучил дека судијата постапувал несовесно.

Тој е веќе во пензија, но постапката морала да заврши.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.