На денешната владина седница беа прецизирани надлежностите на првиот заменик на премиерот задолжен за координација на политички прашања на ресорите.

Предвидено е, премиерот да го заменува првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите, а во случај на негово отсуство или спреченост тогаш претседателот на Владата го заменува еден од неговите заменици што тој ќе го определи.

Според дополнувањата, на претседателот на Владата во вршењето на неговите права и должности му помагаат првиот заменик на претседателот на Владата на Република  Македонија задолжен за координација на политички прашања на ресорите и замениците на претседателот на Владата.

Првиот заменик на Претседателот на Владата на Република  Македонија задолжен за координација на политички прашања на ресорите и замениците на претседателот на Владата се грижат за извршување на работите од надлежност на Владата по одделни прашања за кои ќе ги овласти претседателот на Владата, се наведува во соопштението.

Се додава дека првиот заменик на премиерот задолжен за координација на политички прашања на ресорите и замениците на претседателот на Владата го известуваат премиерот за извршување и спроведување на работите.

Измените и дополнувањата се однесуваат и на подготвувањето и доставувањето на материјалите за разгледување на седниците на Владата, нивното разгледување и процесот на нивно утврдување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.