Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека е во тек дополнителната исплата на образовен додаток, кој се исплаќа во случај ако има позитивно решени жалби и задоцнето известување од страна на училиштата. Со дополнителната исплата се опфатени 3872 корисника.
Исплатата за правото на додаток за образование се врши до 31 октомври во тековната календарска година за претходната наставна година предвидена согласно член 39-ж, став (5) од Законот за заштита на децата. Висината на додатокот за образование изнесува 714 денари месечно за ученик во основно образование и 1.020 денари месечно за ученик во средно образование во текот на учебната година. Годишниот износ на додатокот за образование за основно образование во учебна година по дете изнесува 8.568 денари, а за средно образование во учебна година по дете изнесува 12.240 дeнари, информира МТСП.
Додатокот за образование се исплаќа во четири еднакви износи од по 2.142 денари на корисникот на ова право за дете во основно образование, а од по 3.060 дeнари на корисникот на правото за дете во средно образование, по завршување на секој од мерните периоди утврдени со овој закон
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.