Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека согласно заклучоците на Комисијата за заразни болести, следните категориите лица треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од лекар специјалист за следните состојби – хронични респираторни заболувања, тешки кардиоваскуларни заболувања, дијабет ТИП 1, малигни заболувања, како и имуно-компромитирачки состојби.

Во наредните 14 дена ослободени од работа и работни активности се и бремените жени.

Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите вработени и сите работодавачи строго да се придружуваат до мерките кои Владата ги донесе на седницата одржана вчера за превенција од ширење на болеста COVID-19 (коронавирус).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.