Министерството за труд и социјална политика упати честитка до работниците по повод 1 Мај.

Први мај е празник на трудот, но и симбол на солидарноста на работништвото во борбата за еден поубав свет. Тоа се иделите за кои голем број борци за слобода, правда и еднаквост ги дале животите. На денот кога си го честитаме овој празник се сеќаваме и на нив и им оддаваме признание.

Пандемијата на COVID-19 покажа дека мерките за заштита и поддршка на работниците се клучни и за превенцијата и спречувањето на ширењето на заразата, но и за зачувување на благосостојбата на семејствата и на целата држава. Затоа со благодарност гледаме на здравствените работници кои се на првата линија на одбрана од коронавирусот. Признание заслужуваат и сите други работници кои секојдневно на работните места и со работа од далечина ги надминуваат предизвиците и продолжуваат во вонредни услови да ги извршуваат обврските.

Министерството за труд и социјална политика останува посветено на поставувањето стандарди, принципи и права при работа кои ќe создадат поголеми можности за жените и мажите за пристојна работа и приходи, на зајакнувањето на покриеноста и ефективноста на социјалната заштита за сите како и на јакнењето на трипартизмот и социјалниот дијалог.

Честит Први Мај!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.