За сè ова што ни се случува хохштаплерите Заев и Филипче треба кривично да одговараат, а најмалку што можат е да си поднесат оставки, реагира аналитичарот Александар Пандов по денешните фотографии од битолската болница, на кои се гледаат двајца пациенти како примаат инфузија покрај двајца починати.
Нема крај на црнилата на Заев и Филипче. Ај што сме рекордери во Европа по смртност од корона, во Македонија дојдовме до таму да во битолската болница нема кој да ги однесе починатите пациенти и со саати се оставени да лежат поред сеуште живите. Па не може да биде поморбидно.
Притоа 2500 доктори, медицински сестри, болничари и останат медицински персонал чекаат на завод за врботување 👎🏿. Грозно.
За се ова што ни се случува овие двајца хохштаплери треба кривично да одговараат, а најмалку што можат е да си поднесат оставки, вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.