Мртва е трката меѓу претседателските кандидати на коалициите предводени од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Стево Пендаровски и Гордана Силјановска – Давкова покажува телефонската анкетата на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) спроведена од 23 до 27 март годинава на репрезентативен примерок од 1110 испитаници од целтата држава.
Анкетата на ИПИС ја презентира политичкиот магазин „Детектор“ на ТВ Сител.

Според на анкетата, за претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата за Стево Пендаровски би гласале 28,8 проценти, а за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија Гордана Силјановска – Давкова би гласале 26,8% од вкупниот број испитаници.
Сепак, голем е бројот на испитаници кои се одлучиле да не се изјаснат за кого ќе го дадат својот глас – 16,2%. Искуството досега покажало дека 70-80% од оние кои не се изјаснуваат на анкетите за кого ќе гласаат, се одлучуваат својот глас да ѝ го доверат на опозицијата.
За независниот кандат Блерим Река поддржан од АА и Беса би гласале 7,1% од испитаниците.
ИПИС нагласува дека овие резултати се добиени под претпоставка дека во земјата живеат 1.400.000 гласачи, базирано на претходни истражувања на институтот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.