Полициските синдикати им го честитаат 7 Мај на своите членови.
Македонскиот полициски синдикат им порачува на своите членови дека треба да бидат свесни за светата обврска да им служат и да ги штитат сопствениот народ и сопствената држава.
Покажавме дека сме на висина на задачата, покажавме и докажавме дека постои и волја и знаење и капацитет како да се справиме со најтешките ситуации. Вечно ќе ги паметиме хероите кои ги загубија своите животи бранејќи ја нашата татковина, а истите треба да бидат пример за сите нас како бескомпромисно се штити Уставот и законите на Република Северна Македонија, се вели во честитката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.