Обвинителството за организиран криминал и корупција најверојатно ќе бара продолжување на притворот за Драги Рашковски, открива во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, шефица на ова Обвинителство, Вилма Русковска. Како што кажа таа, покрај веројатното продолжување на притворот не се исклучува ниту проширување на истрагата.

Сега собираме документација и сослушуваме сведоци за набавка на уште еден софтвер…доколку мислиме дека тој софтвер е набавен спротивно на законот тогаш истрагата ќе биде проширена, во рамки на истиот предмет, рече Русковска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.