Министерот за економија Крешник Бектеши, не ја исклучи можноста на крајот на мај да бидат отворени рестораните за свадби
Верувам дека во разговорите кои ги имаме во рамките на Кризниот штаб, некаде кон крајот на мај треба да се дозволи и отворањето на рестораните за свадби имајќи го предвид и трендот на намалување на бројот на нови случаи, рече Бектеши во вчерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21.
Рестораните за свадби повеќе од една година се веќе затворени, не се дозволени свадби и други поголеми семејни веселби поради пандемијата. Во моментов се затворени и другите угостителски објекти поради третиот бран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.