Министерството за здравство ја разгледува можноста за одземање на дозволата за увоз на лекови на „Македонијалек“ за раскинување на веќе потпишаните договори со оваа фирма или, пак, можноста да ѝ се изрече забрана за увоз доколу се утврди дека направената грешка можела да се превенира. Ова го изјави Венко Филипче, министерот за здравство на денешната прес конфренциија. Според него, вакцините против малите сипаници се исправни и квалитетни, а рокот е валиден.
Случајот сѐ уште се испитува. Ги разгледуваме сите можности што се законски предвидени во вакви случаи. Тоа значи дека се разгледува можноста за одземање на дозволата, вклучително и раскинување на веќе потпишаните договори. Ако утврдиме дека пропустот можел да се превенира, ќе го санкционираме. Контролите се во тек и побарав лично да ме информираат за сите контроли. Во ек на епидемија, сакам да верувам дека се работи за техничка грешка“, рече Филипче и додаде дека Министерството работи на враќањето на довербата кај пациентите во здравствениот систем.
Директорот на МАЛМЕД, Ќахил Ибраими, рече дека работат на случајот со погрешните датуми. Уверуваше дека се работи за исправна вакцина, но погрешна налепница и најави дека ќе постапат согласно со законот.
Денеска беше соопштено и за појавата на четири нови слуачи на морбили, кај две деца и двајца возрасни. Се работи за 18-месечно бебе кое посетувало градинка во Чаир и уште едно дете од населбата Јане Сандански на 4-годишна возраст, кои не биле вакцинирани. Двајца возрасни имаат 30 и 28 години, а едниот од нив примил дел од вакцините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.