Премиерот Зоран Заев неодамна изјави дека тој ги објавил сите материјали кои ги имал, мислејќи на таканаречената аудио бомба со која наводно се открива кои се виновниците за убиството на Мартин Нешковски.
Тој аудио материјал е даден на вештачење од ТВ мрежата Ал Џезира, во една германска тонска лабораторија која потврдила дека тој аудио материјал е автентичен.
Со тоа требаше алибото на ВМРО-ДПМНЕ, пред се на премиерот Никола Груевски и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, „сечено, лепено“ да падне во вода.
Истиот експерт, Фабијан Шерер, кој говори за Ал Џезира и со речиси со стопроцентна сигурност потврди дека станува збор за автентичен аудио запис, значи немонтиран, за Пресинг ТВ изјави:
Ние добивме од Ал Џезира само кратко парче аудио, мислам од околу 3 минути. Проверуваме невообичаени резови, разлики во позадинските шумови и такви нешта. Немаше цврсти докази дека тоа аудио парче било монтирано. Секако, секогаш постои начин да се фалсификуваат такви нешта на начин кој ние не можеме да го фатиме. Но, во овој случај, ние бевме речиси сигурни дека тоа парче е автентично“, вели Фабијан Шерер во писмениот одговор до Пресинг ТВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.