Внатрепартиските превирања помеѓу различните ограноци на Демократксата унија за интерација може да резултираат со целосна промена на предложените имиња од страна на врвот на партијата за министри во новата влада.
Незадоволството меѓу редовите на ДУИ започна со именувањето на Бујар Османи и Артан Груби како министер за надворешни работи, односно прв вицепремиер во влада. По ова се развила жестоката дебата на завчерашниот состанок на Централниот совет на ДУИ, на кој одредени ограноци беа незадоволни од поделбата на владиниот колач, поточно од „скопското крило“ на партијата, од Чаир и Сарај.
Конфликтот е предводен од Изет Меџити и Арбен Зибери, кои се противат на именувањето на Артан Груби и Бујар Османи без консултација, а незадоволство постои и во Струга. За потсетување, токму Меџити како носител, а Зибери како втор на листата на партијата во ИЕ1, собраа 19.600 гласови.
Поради ова, од ДУИ останаа и без одлука за тоа кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација.
Дека страстите се на високо ниво се потврди и во текот на вчерашниот ден, кога Зибери, инаку внук на кандидатот за премиер на ДУИ, Насер Зибери, нервозно напуштајќи го Парламентот, со џипот се заби во полициската ограда:
Владата се гласа или паѓа со два прста на Изет Меџити, рече вчера високиот функционер од ДУИ Фатмир Лимани – Беќири, дополнително разговрувајќи ги страстите.
Според порталот на албански јазик „Алмакос“, кој се повикува на сигурни извори во ДУИ, постигнат привремен мир, кој најскапо ќе го плати Османи.
Така, според изворите на порталот, Бујар Османи ќе биде оставен надвор од игра, и на негово место ќе дојде Изет Меџити како вицепремиер, додека Артан Груби ќе биде министер за надворешни работи.
Денеска во Собранието ќе се гласа за реизбор на Талат Џафери за втор мандат на функцијата спикер, отакако вчера такво нешто не успеа поради големото незадоволство во ДУИ.
Дали тоа е само потврда дека „мирот е во куќата“ останува да се покаже во текот на денешниот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.