Програмата КОВАКС ќе обезбеди 330 милиони дози вакцини за неразвиените и земјите во развој. Предвидено е вакцинте да бидат дистрибуирани до крајот на првата половина од годината.
Вакцините преку КОВАКС ќе бидат наменети за околу 3,3 отсто од населението во 145 земји кои се опфатени со Програмата.
Околу 240 милиони дози вакцини ќе бидат набавени од АстраЗенека, произведени од индиската компанија Серум Институт, 96 милиони дози ќе бидат произведени во погоните на АстраЗенека и 1,2 милиони дози од Фајзер.
Меѓу првите земји што ќе добијат вакцини преку програмата КОВАКС ќе бидат Јужа Африка, Зеленортските ОСтрови и Руанда
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.