Еден ден кога ќе помине време, многу Македонци ќе се запрашаат дали направивме се што можевме за да се избориме за работите во кои веруваме, сосема на крајот на својот говор на митингот во Скопје рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој потсети на прашњата со кои еден ден ќе се соочи неговата генерација – дали ја оправдавме големата одговорност која ѝ беше дадена.

Во многу моменти од животот ќе забележите дека работите не се фер, дека некој тргува со работи кои се свети, ве притиска, прогонува, осиромашува и обесправдува. Не се откажувајте, продолжете да се борите! Колку повеќе ви викаат дека е готово, ве тераат да се обесхрабрите не се откажувајте, браќа и сестри – борете се! Емоциите да ги претвориме во акција! Време е! Веруваме во правда за Македонија! Во химната стои дека Македонците се борат за своите правдини! Македонците не веруваат во власта – веруваат во Македонија! Таа е радост, тага, болка, успех, суштина, пиреј, Татковина! Барајте го најдоброто во себе! Дојде часот! Колку повеке ти викаат дека нешто не е возмозно ти повеќе мотивирај се!

 

Докажи им дека грешат! Победи! Колку повеќе овој скршен систем те притиска Толку повеќе знај дека си на вистинската страна! На страната на правдата. На страната на Македонија! Приклучете се!

 

Еден ден после многу време – ќе можете гордо да кажете затоа што татковината ме повика јас бев еден од оние кои ја донесоа правдата за Македонија! 

Мицкоски рече дека знае дека и овој дожд е берикет, како што ги врне секаде по плоштадите во Македонија.

Нека нè наврне и овде во Скопје. Вреди за ова да се живее, вреди за ова да се работи, рече Мицкоски.

Сосема на крај, Мицкоски  пренесе лична порака од новата мајка.

Пред да дојдам се видов со мајка ми, ми рече внимавај синко, тешки времиња се, дали ова што го правиш ќе вроди со плод. Јас го избрав својот пат, мојот пат е правда за Македонија и нашите животи не вредат ни пет пари ако немаме правда за Македонија. Може и да нè убијат, може и да нè уапсат, ама вербата во правда за Македонија никогаш нема да исчезне!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.