Може да смените сè, ни татковината никогаш, порача од Гостивар кандидатката за претседател на на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.
Таа заедно со претседателот на најголемата опозициска партија во Македонија Христијан Мицкоски ги продолжува секојдневните митинзи низ државата на кои ги запознава граѓаните со својата политика и што таа ќе стори кога ќе биде избрана за претседател.
Умниот Џорџ Бернард Шо еднаш рекол: ‘Може да смените облека, но татковина никогаш не може да смените’. Треба да победиме на избори да ја делегитимираме власта, да отвориме пат за парламентарни избори за ново мнозинство, рече претседателкиот кандидат Силјановска- Давкова вечерва во Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.