Преспанскиот договор, според Гордана Силјановска Давкова, е надвор од принципите на меѓународното право.
Нашиот Устав вели претседателот ги склучува договорите, а тие го заборавија Уставот, заборавија дека министерот не е овластен да потпишува промена на името. Преспанскиот договор е надвор од меѓународно право и националното право, затоа ние велиме дека сме за право и морал. Умниот Џорџ Бернард Шо еднаш рекол: ‘Може да смените облека, но татковина никогаш не може да смените’. Треба да победиме на избори да ја делегитимираме власта, да отвориме пат за парламентарни избори за ново мнозинство, кое ќе води сметка за Копенхашките критериуми, затоа во ЕУ не не води само со Преспа, рече Силјановска Давкова вечерва во Охрид од каде што ја почна кампањата за претседател на Македонија.
Професорката по уставно право во кампањата за претседател на државата ја доби поддршката од ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.