Слаб е интересот за судски поротници, вели претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев.Тој на денешниот брифинг со новинарите вели дека во моментов имаат само 54 активни поротници што е малку за потребите на судот.

Од судот велат дека причини за тоа што судот кубури со поротници е тоа што многумина се откажуваат поради малиот надоместок.

Еден пороттник може најмногу да заработи до 6.000 денари, или во просек 500 ден од ден.

Случајот со поротниците стана актуелен откако поротникот Митко Сандев кој беше поротник во најмалку седум процеси беше разрешен порад тоа што наполни 60 години. Тие случаи сега ќе почнат одново.

Џолев вели дека иако поротниците не смеат да работат со наполнети 60 години, законот не ги спречува тие да се пријават за поротници и на 59 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.