Многу прашина крена во јавноста статусот на директорот на струмичката болница, во кој моли за донации за амбулантно возило. Иако за кратко тој се повлече, а СДСМ преку пратеникот Коста Костадинов објави дека возилото било нарачано и ќе стигне за два месеци, тој јасно покажа каква е состојбата во нашиот здравствен систем и дека здравствениот систем има сериозни проблеми и има голем удел во здравствената криза и загрижувачкита дневна статистика.

Критичарот Ивор Мицковски потсети на парите дадени за возила, на ветувањето дека „мерцедесот на Груевски“ ќе се продаде и со парите ќе се купат амбулантни возила, но и дека во овие две и пол години за нови автомобили државните институции потрошиле 8 милиони евра.

Заев во 2017-та: “Ќе го вратиме тенкот, Мерцедесот на Груевски од 600.000 евра и со парите од неговата сегашна вредност ќе набавиме амбулантни возила за клиниките во Македонија.
Во меѓувреме Македонија има 183 амбулантни возила, а државата и општините 2645 автомобили.
Во овие 4 години набавени се, или барем така пишува, 12 нови амбулантни возила во вредност од околу 300 илјада евра.
Во само последните 2,5 години, за нови автомобили државните институции потрошиле 8 милиони евра.
Набавени се вкупно 392 возила по средна цена од 17 илјади евра по возило. На дури 71% од тендерите имало само по една понуда. Најмногу се купени возила од марките „Шкода“ и „Фолксваген“.
1/4 од возилата била поскапа од 30 илјади евра, а првите десет најскапи возила – сите се со вредност над 40 илјади евра.
Само за лизинг дадени се уште речиси 6 милиони евра.
И излагаат вчера и викаат ќе набавеле амбуланта за Струмица за 2 месеци.
Па од Струмица сте бе бруки ни едни.
Моторите што ги возите без кациги вредат повеќе од амбулантно возило, пишува Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.