МОСТ соопшти дека според добиените информации од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места забележано е следното:
– гласачко место 2344 во општина Студеничани не се отвори до 10 часот и поради тоа на ова место денес нема да се спроведува гласање.
– на гласачкото место 0531, село Здуње, општина Гостивар, член на избирачкиот одбор ги откинал првите три гласачи ливчиња заедно со серискиот број и истите биле искористени за гласање. Известена била општинската изборна комисија, направен бил записник и гласањето продолжило.
Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 9 часот е 3,7%, додека до 10 часот е 6,6%.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.