Еден вработен во амбасадата на Македонија во Москва е прогласен за персона нон грата од страна на Русија како одговор за протерувањето на руски дипломат од државава, соопшти руското Министерство за надворешни работи, а пренесоа тамошните медиуми.
Вршителката на должноста амбасадорка на Македонија во Руската Федерација, Оливера Чаушевска-Димовска, денеска била повикана во руското МНР каде што ѝ била врачена нота со која вработен во Амбасадата на Македонија во Москва се прогласува за персона нон грата. Ваквата мерка е одговор на немотивираната одлука на Македонија да прогласи руски дипломат за персона нон грата, како што се објаснува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.