Прво, нема невозможни работи, потребна е челична волја и верба, второ, нашата борба е за сегашните но и идните генерации по нас, вреднувајќи ја жртвата на нашите родители, и желбата за успех на нашите деца. Тоа не е само наше право на кое се надеваме, туку и наша должност. И трето, оваа борба вреди за сите млади луѓе кои наместо отворени граници добиле ѕидови, за сите кои решија да заминат, но и оние кои допрва ќе решат да ја побараат нивната среќа надвор, мораме да создадеме иднина тука дома за нашата Македонија.

Ова е пораката што вечерва, на последниот ден од предизборната кампања пред првиот круг од локалните избори ја испрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.