Маја Морачанин – лидерка на ДОМ во емисијата 24 анализа истакна дека оставката на Заев е завршена работа и прашање на време е кога ќе започне формалната процедура.

– Премиерот беше одлучен во неговата намера да си поднесе оставка и околу тоа сите други дебати немаа простор зошто неговото видување е од личен аспект, не е само во прашање неговото чувство на одговорност и еден етички чин, туку и дека е најдобриот интерес за државата. Кога премиерот решил дека тоа е негов дециден став, тука нема дилема. Сета ситуација со локалните избори рефлектираше и на национално ниво – рече Морачанин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.