Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во своето гостување на телевизија АЛФА вели дека е загрижен за состојбата во македонското здравство.
-Пребукирани болници, нема место обичниот граѓанин каде да оди да направи тест. Чекаат по 7-10 дена. Некои не ни стигнуваат да одат да се тестираат. Слушаме еден куп повици на социјални мрежи за помош, е до таму е здравството отидено, таква е реалноста моментално во Македонија. И тоа е жално, истакна Мисајловски.
Тој оцени дека македонското здравство во моментов нема капацитет.
-Имаме уморни доктори, имаме заразени многу луѓе од медицинскиот персонал, имаме мерки кои не се добри бидејќи се воведуваат брзоплето и немаат голема суштина, бројките не се намалуваат. Тоа значи дека има некој проблем во самите мерки. Прво го обвинуваа ВМРО-ДПМНЕ, а сега пробуваат да кажат дека народот бил крив. И што ќе прави власта? Ќе го казнува народот, ќе прави репресивни мерки за да се полни буџетот, но гледаме дека не е ефикасно сево ова што го спроведуваат бидејќи тоа е “купи ден“ политика, рече тој.
Мисајловски порача дека мора да има построги мерки бидејќи е ваква ситуацијата, спомнувајќи дека денес е најцрн ден со 30 починати од коронавирус!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.