Вчера со Папата, а веќе во понеделник ќе треба народот да го погледне во очи, да живее многу поблиску до него и да одговори на многу понекогаш и негови непријатни прашања. А кога нема да е веќе претседател, на прашањата на кои ќе нема разумен одговор и народот ќе е непријатен со него и ќе нема толку разумна реакција.
Колку и да има закани од власта, Иванов ќе направи стратешка и животна грешка доколу во преостанатите неколку денови од функцијата претседател не ги искористи своите законски и уставни ингеренции и не го прекине политичкиот прогон на лица главно од десницата кои заради политички мотиви се под тешки судски и затворски малтретирања. И тоа не се кои било луѓе.
Како на пример Иванов ќе објасни на луѓе кога ќе го прашаат зошто за неколку тупаници или клоци внукот на Методија Андонов -Ченто, Јане Ченто, треба да лежи 15 години затвор, а Иванов го одмолчел тоа бидејќи се плашел или бил уценет. Кој друг во Македонија и во целиот свет добил 15 години затвор (плус добил и ќотек во притворот за кој го принудија да каже дека тој бил крив бидејќи ги провоцирал затворските чувари да го претепаат).
Иванов, кој толку многу пати во своите говори го цитирал Методија Андонов – Ченто, држел говор под сенката пред неговиот споменик, денес е во ситуација да молчи, да се крие и да ги затвора очите и ушите кога внукот на оној кој тој го смета за национален херој неправедно и политички внесен и малтретиран во затвор, поминува низ слична голгота како неговиот дедо или прадедо, сеедно.
Знае многу добро Иванов дека за удрени тупаници и клоци на пратеник не се добива 15 години затвор и многу добро знае дека сето тоа е од политички мотиви.
Многу луѓе биле на суд за удрени тупаници и клоци и најчесто добиле условна казна или ако го повториле делото, добиле можеби до 6 месеци затвор, но и тоа зависи од тоа дали токму со тие тупаници е нанесена лесна или тешка телесна повреда. Сето ова го знае Иванов, но молчи.
Молчењето значи одобрување, а одобрувањето значи дека и тој станува дел од приказната за политичкиот прогон.
Знае добро Иванов дека за кубење коса на пратеничка никаде во свет на возраст од 70 години не се лежи 4 години затвор.
Знае добро и дека и другите, на пример тепаните поранешни министри во притворот, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски не го заслужиле тоа.
Знае и дека Гордана Јанкулоска не заслужила 4 години затвор за дело во било која земја не би се ни покренал случај на суд, ниту пак дека Љупчо Димовски или Љубен Арнаудов се терористи. Сето тоа, и многу повеќе од ова му е јасно, но нам, на граѓаните на оваа земја, не ни е јасно кого ние сме почитувале сите овие 10 години и сме верувале дека е храбар, праведен и одлучен. И не ни е јасно, ако вака остане непроменето до недела, со што го уценија Иванов? Мора да е нешто многу крупно.
Реакција на група граѓани што се обрати до Република
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.