Монтажните болници ветени од министерот за здравство Венко Филипче ги нема. Болниците низ државата преполни со пациенти заразени со КОВИД – 19. Ситуацијата ги примора директорите на болниците самите да се снаоѓаат. Според министерство за здравство нема пари за долгонајавувани 16 монтажни болници. Од таму велат дека се зависело од Светската банка. Додека се чекаат монтажните, болниците започнаа сами да се снаоѓаат. Имено, вчера болницата во Гевгелија направи прегрдаден дел каде што ќе се примаат новозаболени пациенти од КОВИД-19.
Гевгелиската болница сама се снаоѓа
Од вчера болницата во Гевгелија најде алтернативно решение за соодветен третман на инфицирани пациенти со полесна клиничка слика, информираше директорот на болницата, д-р Митко Крџев.
Го преградивме делот од болницата кој служеше за прием и третман на мигранти и го адаптиравме за ковид пациентите со лесни симптоми кои треба во текот на лечењето да примаат инфузија, а брисови на пациенти кои се суспектни на КОВИД-19 и понатаму ќе се земаат во постојниот пункт на ПЕ на центарот за јавно здравје, рече Крџев.
По добивање на резултатите, појасни тој, во овој дел кој ќе функционира како дневна болница, ќе се примаат пациенти со позитивни резултати кои ќе примаат инфузиска и друга соодветна терапија по што ќе си заминуваат дома.
Адаптираниот дел од болницата има капацитет од шест кревети и во него секој ден од 8 до 20 часот ќе има медицинска сестра која ќе ја следи состојбата, а пациентите секој ден ќе бидат прегледувани од епидемиолог и интернист кои ќе ја следат нивната здравствена состојба, рече Крџев и нагласи дека болните на кои состојбата ќе им се влоши, ќе се испраќаат на лекување во болниците во Скопје или во Штип.
Заборавени монтажни болници
Министерот за здравство, Венко Филипче летово вети на граѓаните дека ќе има 16 монтажни болници низ држава со цел да се справи Македонија полесно со вториот бран на КОВИД-19. Министерот рече дека истите ќе бидат готови до крајот на август или почеток на септември, а веќе септември помина, но монтажните останаа невидливи за граѓаните.
Се повеќе е очигледно дека монтажните болници уште многу време ќе ги нема. А, сега кога капацитетите по болниците се полнат и немаат каде да ги сместат пациентите, и во време кога истите болници работат без финансиски средства тоа само кажува дека министерот Филипче и самото министерство не е подготвено за вториот бран на КОВИД-19. Граѓаните и здравствените работници со причина стравуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.