Масакрот кај Смилковско Езеро, смртта на новинарот Никола Младенов, малата Тамара од Велес, убиството на Мартин Јанушев… Ова се само дел од трагедиите кои Зоран Заев ги злоупотребуваше во предизборна кампања, кога не штедеше ни луѓе, ни подмолни средства да се докопа до фотеља.
Денес е јасно дека Заев само ја злоупотреви болката и си поигра со чувствата и животите на семејствата, пријателите и вмешаните во овие трагедии.
Сопругата на Младенов откри дека неговата смрт била несреќа, судењето за малата Тамара откри многу работи кои намерно не беа откриени тогаш во јавноста, убиецот на Мартин токму за време на владеењето на Заев е пуштен на слобода.
За случајот „Монструм“, пак, без ронка срам се појави да сведочи пред родителите на кои им ветуваше правда, кога правдата веќе беше донесена.
Таткото на Александар, Горан Наќевски, во исповед за „Алфа“ откри дека како политички противник на ДУИ, Заев им изнел конкретни докази за вмешаност на функционери од ДУИ во свирепото убиство. Таткото, го обвини Заев дека откако е склучена коалицијата со ДУИ тој манипулира со доказите кои што можат да доведат до вистината за „Монструм“.
Кога бевме кај Заев рече дека ќе ни даде 6 разговори државна тајна за 6 функционери на ДУИ. Но, подоцна тие станаа 5. ДУИ тогаш беше нивни противник. Заев ни ги покажа транскриптите, ни го посочи Невзат Бејта и ни покажа транскрипт од разговор меѓу Невзат Бејта и обвинетиот Фејзи Азири. Не го исполни ветувањето, од политички причини не ни ги даде тие 5 државни тајни, рече Наќевски.
Во едно од ретките интервјуа, Наќевски за „Алфа“ вели и дека токму поради овој политички пазар, Заев е поголем монструм и од убијците.
2015 друго ни ветуваше, сега друго прави. Револтирани сме и од Катица Јанева ни ветуваше дека прв случај ќе биде, ама молк и од таму како што гледате. Мислиме дека и таа е политички пазарена со СДСМ и ДУИ, рече Наќевски во октомври 2017.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.