Миладина Монова, доктор по социјална антропологија oд Бугарската академија на науките и уметностите БАНУ, е гостинка вечерва во ТВ21 во дебатниот магазин „Клик Плус“. Со неа заедно е и Љупчо Ристовски, професор на УКИМ и член на мешовитата комисија.

Монова вели дека во Бугарија не се сите со став дека не постои македонски јазик, и дека во моментов доминира национализмот, како и некои ставови кои биле заборавени во последните години.

Во Бугарската академија на науки има секакви луѓе и секакви истаржувачи со различни ставови. Секој интелектуалец, историчар, социолог си го брани својот став. Не би рекла дека постои институција да има еден став. Тоа го прават политичарите, вели Монова и додава: „Во моментов доминантен е национализмот, и последните години се враќаат ставовите кои со години беа заборавени. Доминира моментално национализмот и изгледа само тоа е како алатка за држење на власта“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.