Иако поради пандемијата наставата почна еден месец подоцна, учениците нема да седат во училиште до 31 август, како што се шпекулира, велат од Министерството за образование и наука.
Децата ќе одат на училиште до 10 јуни. Нема да седат во училишните клупи до 31 август, велат од МОН.
Од Министерството додаваат дека треба да се направи разграничување на поимите настава и учебна година, а дека тука стои дека учебната година трае до 31 август, за разлика од наставната која е пократка. Крајот на учебната година секогаш досега беше на 31 август и така ќе биде и овој пат.
Ова следи по одлуката на Владата објавена во службен весник која предизвика конфузија во јавноста во однос на тоа до кога децата ќе одат на училиште. Во одлуката беше наведено дека новата учебна година ќе трае од 1 октомври до 31 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.