Министерството за образование и наука (МОН) тврди дека во неделата во училиштата во Македонија немало партиско гласање.
Станува збор за груба, намерна манипулација и дезинформација. Не се гласало во ниту едно училиште на територијата на Република Македонија, се вели во демантот на МОН.
Од МОн велат дека работат согласно закон.
Со Законот за основно образование, во основните училишта се забранува партиско и верско организирање и дејствување, како и истакнување на партиски и верски обележја. Оваа Влада и Министерството за образование и наука ги користат училиштата за дејноста за којашто се наменети – за спроведување на воспитно-образовниот процес. Министерството за образование и наука апелира политичките партии да не го инволвираат образованието во дневните агенди, додаваат од МОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.