Министерството за образование и наука (МОН) објави повик за пријавување стручни лица за подготовка на новите наставни програми согласно Концепцијата за основно образование.

Од МОН ги повикуваат сите наставници и стручни лица кои ги исполнуваат условите согласно конкурсот кој се однесува на изработка на наставните програми од прво до петто одделение, да се пријават и да го дадат својот придонес за развој на воспитно-образовниот систем во Македонија.

МОН заедно со Бирото за развој на образованието посветено работат на зајакнување на тимот кој во следниот период треба да ги изготви новите наставни програми за учениците од прво до петто одделение, согласно наставниот план во неодамна усвоената Концепција за основно образование.

МОН ја известува целокупната стручна јавност дека Бирото за развој на образованието, објави Конкурс за ангажирање надворешни соработници кои заедно со советниците во Бирото, ќе ги изготват новите наставни програми согласно Концепцијата за основно образование, велат од МОН.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.