Резултатите за сместување во државните студентски домови се објавени денеска, меѓутоа, студентите не можат да видат дали се примени зашто интернет-страницата на Министерството за образование и наука е нестабилна.

Студентите со нетрпение ги очекуваа резултатите, а академската 2020/2021 започна денеска.

Студентите коментираат дека резултатите би можеле да се споделат и на „Фејсбук“ или на друго место. Од МОН немаме одговор дали ќе ги објават на друг начин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.