Ноември минатата година владиниот советник за комуникации Марјан Забрчанец, се пофали дека разоткриле хибриден напад врз Kабинетот на премиерот Зоран Заев. Разговорот му бил сомнителен на Заев и знаел дека станува збор за измама.

Но, разговорот кој денеска беше објавен од страна на руските пранкери, дискутабилно е колку Заев се посомневал, и доколку навистина се сомневал – зошто воопшто ги зборувал овие работи?

Целиот разговор тука.

На социјалните мрежи веќе се шегуваат со поранешниот премиер кој уште еднаш ја пикна земјата во меѓународен скандал, но и потсетуваат на моментот кога Забрчанец гордо изјави дека спречиле хибриден напад:

Момаков се фалеше дека разоткриле хрибриден напад врз кабинетот на Зоран Заев, од луѓе кои се претставиле како Грета Тунберг, а уствари тие 10 минути муабет си правеле со „Грета” за мигранти и марихуана. Секоја чест како го разоткриле нападот после 10 минути, се шегуваат твитерџиите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.