При донесување на Законот за Советот за јавни обвинители не е испочитуван принципот на Бандентер, односно за него не гласале припадниците на помалите етнички заедници. Спорниот момент околу законот е што самиот претседател на собрание, Талат Џафери најавува дека треба да се гласа со Бадентерово мнозинство, но тоа не е реализирано.
Погледнете:
ВМРО-ДПМНЕ претходно го повика претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува овој закон.
И самиот Џафери најави дека законот се гласа со апсолутно мнозинство и со Бадентер, но тој не го стави законот да се гласа со Бадентер со што овој закон не е донесен. Оттука упатуваме порака дека потпишувањето на закон за кој не е обезбедено мнозинство е спротивно на Уставот и законите. Апелираме до Пендаровски да одбие да го потпише. Во спротивно се останато ќе значи кршење на Уставот и законите, рече на прес-конференција Илија Димовски, веднаш по распуштањето на Собранието.
Појасни дека оваа нерегуларност ја забележале уште во текот на седницата, но оти чекале Собранието да се распушти и тоа да и го соопштат на јавноста.
Прегледајте ги снимките. Сега веќе Собранието е распуштено и не може да се врати. Овој закон не е донесен. И другиот не е донесен. Секако, едниот без другиот закон не може да се импелемнтираат, рече Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.