Европската унија молчи за настојувањето на власта по секоја цена да се усвои Законот за попис и покрај критиките од јавноста и без договор со опозицијата.

Освен протоколарните изјави на официјален Брисел дека е потребно попишување, нема ниту една реакција дали подджуваат ваков предлог закон со кој пописот нема да биде по стандардите на Еуростат.

„Република“ се обиде да добие одговор од портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро дали подджуваат попис во кој ќе се потпишуваат сите државјани на Македонија, наместо актуелно население или т.н резиденти.

Уште прашавме дали знаат за некоја земја-членка на ЕУ која спроведува ваков попис и каде за резултатите од него треба да се согласни директорот и заменикот на Заводот за статистика.

Но, и по шест дена, од Брисел не добивме никаков одговор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.