Кандидатите за градоначалници во емисијата Стадион на Канал 77 зборуваат својот карактер, човечките маани но и за своите литературни афинитети. Од книгите кои сакаат да ги читаат на своите противкандидати им препорачуваат внимателно избрани.

Иван Јорданов, кандидат за градоначалник на ВМРО- ДПМНЕ Штип: Ја препорачувам книгата „Моќта на потсвеста“ од Џозеф Марфи. Оваа книга е водилка во нашиот живот. Треба да пробате за да успеете, треба да се борите за да успеете. Моќта на потсвеста е многу битен чинител во нашето функционирање и затоа ја препорачувам.

Сашо Николов, кандидат за градоначалник на СДСМ, Штип: Својот против кандидат Иван Јорданов го советувам да почне да ги чита законите на Локална самоуправа, функционирањето на Локалната самоуправа, работењето на јавните претпријатија и мојата програма„ Најдоброто за Штип“,  да ја научи добро бидејќи тоа ќе го чека во наредните четири години.


Целиот текст на ММС



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.