Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за толкувањето на изјавата на Иванка Василевска од Извршниот комитет за српски портал, истакна дека неговите ставови се дијамeтрално спротивни на она што порталот го напишал. Тој објасни дека Василевска имала и демант на напишаното од порталот, кој што текст и ставови биле објавени тенденциозно и невистинито.

Мојот став е дијаметрално спротивен на она што беше напишано од страна на тој портал, кое е класично извртување на вистината, класична злоупотреба на личноста, мојот став и политиките кои што ги водам се јасни и траспарентни, чисти и без никаква дилема и без никаков момент да се остави сомнеж, вели Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.