Повеќе од 27 илјади евра се потрошени во ноември за набавка на млеко и млечни производи од страна на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија.

Како што покажуваат бројките од јавните набавки, на 9 ноември годинава, СОЗР склучила два одделни договори за набавка на млеко и млечни производи со Друштвото за сточарство, земјоделие и трговија ЃОРГИЕВИ ДООЕЛ од с.Гарван Конче.

 

Според договорите, владините службеници ќе конзумираат моцарела со единечна вредност без ДДВ од 715 денари/килограм, но и т.н. плаво сирење чија единечна цена за килограм изнесува 734,50 денари без ДДВ.

Ова не е прв пат СОЗР да потпишува големи договори за прехрана за потребите на Владата за време на пандемијата на коронавирусот. Во март за потребите на Владата биле склучени договори за месо во висина од 62.000 евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.