Одбраната на обвинетите во случајот на „27 април“ денеска објаснија дека од мобилните оператори побарале извештај за телефоните 071 230-7** и 071 323-9** . Овие броеви во 2017 година им припаѓале на Кирил Божиновски и Билјана Бришкоска.

Но, од мобилните оператори добиле одговор дека податоците за активностите на претпатниците ги чуваат само една година и оти потоа се бришат.

Намерата на одбраната беше да докаже дека Александар Василевски-Нинџа лаже оти на „27 април“ во штабот на ВМРО-ДПМНЕ ги видел Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Бришкоска.

Седиште на ВМРО-ДПМНЕ

Токму Бришкоска на едно од минатите сведочења истакна дека Василевски вооошто не го забележала во штабот на партијата.

Со оглед на неговиот корпулентен лик што го имам видено во медиумите сигурно би го забележала доколку бил на осмиот кат, но не го забележав додека јас бев таму – потенцираше Бришкоска.

Таа додаде дека зградата ја напуштила околу 21.30 часот и во тоа е сигурна бидејќи во 22 часот веќе била дома.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.