Првата тура од над 200 патници кои се вратија во земјава од различни граници, а кои синоќа беа сместени во Центарот за обука во Пепелиште – Криволак, во текот на денешниот ден ќе бидат преместени на нова локација, соопшти Министерството за одбрана.
Како што известивме вчера, Центарот за обука во Пепелиште е само привремен простор каде треба да се извршат епидемиолошките прегледи согласно медицинскиот протокол. Тимот на Министерството за здравство утрово ќе ги заврши прегледите по што веднаш лицата ќе бидат преместени во реновираниот Завод во Демир Капија, вели Министерството
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.