Со оглед на рапидноста на развојот на настаните со COVID-19 во Италија, Министерството за надворешни работи преку соопштение препорача да не се патува на целата територија на Италија.
За оние граѓани кои веќе се наоѓаат во Италија, препорачуваме зголемени мерки на претпазливост во секое време и да се следат локалните медиуми и упатствата на локалните власти.
Информираме дека нашиот Генерален конзулат во Венеција, следејќи ја праксата на другите европски дипломатско конзуларни претставништва во истиот регион како и заради понатамошна превенција од ширење на COVID-19, во следниов период нема да работи со странки, освен во итни и неодложни ситуации. За подетални информации околу развојот на состојбите, македонските граѓани кои се наоѓаат во Италија, можат да го контактираат нашиот Генерален конзулат во Венеција на + 39 389 5837913 или [email protected].
Преку нашите дипломатско конзуларни претставништва продолжуваме будно да ја следиме состојбата со COVID-19 и соодветно ќе ги информираме граѓаните, согласно развојот на состојбата. Официјални информации може да се добијат на travel.mfa.gov.mk.“, велат од МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.