За денеска најавената посета на шефот на македонската дипломатија Бујар Османи на Босна и Херцеговина е одложена поради технички и организациски причини, информираа за МИА од Министерството за надворешни работи.
По дводневната посета на Брисел и Луксембург, министерот за надворешни работи Бујар Османи, синоќа требаше да отпатува за Сараево, каде покрај средбата со својата колешка, министерка за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ, требаше да оствари средби и со останатите претставници на државниот врв на БиХ, наведуваат истите извори.
МНР додава дека работната посета на Османи на Сараево е одложена, бидејќи поради технички и организациски причини не било можно да се реализира патувањето од Брисел до Сараево.
Османи и Тураковиќ изразија жалење за пропуштената можност, реафирмирајќи ја желбата за наскоро рализирање на меѓусебната средба, се нагласува во инфомацијата на МНР доставена до МИА.
Претходно, и Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина соопшти дека посетата на Османи на Сараево е одлoжена „поради технички проблеми поврзани со доаѓањето на делегација од Република Македонија во БиХ“.
Босанското Министерство информира и дека за новиот датум на посетата медиумите ќе бидат навремено информирани.
Османи денеска требаше да престојува во работна посета на БиХ, во рамки на неговата турнеја низ земјите од регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.